Утрински Весник
Македонија

Царинските службеници пронајдоа 68.000 австралиски долари при контрола на сопружници

Image 2026 04 30 180154477.png

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на двајца македонски државјани – сопружници, пронајдоа 68 илјади австралиски долари.

„Иако со себе носеле поголема сума на девизи, наместо да се упатат на црвениот канал, тие се упатиле на зелениот, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување. Патниците се селектирани за детална контрола при што се пронајдени непријавените девизи“, извести Царинската управа.


„Согласно Законот за девизно работење, поединечно им се вратени девизи во противредност од по 10 илјади евра (вкупно 33 илјади австралиски долари), а преостанатите 35 илјади австралиски долари се запленети.

Царинската управа во континуитет презема активности насочени кон спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина“, соопшти Царинската управа.

Можете да прочитате

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци