Утрински Весник
Македонија

Царинските службеници пронајдоа 68.000 австралиски долари при контрола на сопружници

Image 2026 04 30 180154477.png

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на двајца македонски државјани – сопружници, пронајдоа 68 илјади австралиски долари.

„Иако со себе носеле поголема сума на девизи, наместо да се упатат на црвениот канал, тие се упатиле на зелениот, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување. Патниците се селектирани за детална контрола при што се пронајдени непријавените девизи“, извести Царинската управа.


„Согласно Законот за девизно работење, поединечно им се вратени девизи во противредност од по 10 илјади евра (вкупно 33 илјади австралиски долари), а преостанатите 35 илјади австралиски долари се запленети.

Царинската управа во континуитет презема активности насочени кон спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина“, соопшти Царинската управа.

Можете да прочитате

СЕЗОНСКА ПРОГНОЗА: Јули и август 2026 ќе бидат екстремно топли

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци