Утрински Весник
Економија

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење

20260430164910 big 730x400 17.webp.webp

Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електрични автобуси, Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор за најповолен понудувач. 

Според направената евалуација за најповолен понудувач, избрана е заедничката понуда унгарската компанија “Електробус- Икарус” и на австриска “ЕВН” кои ги исполнија условите од јавниот повик.


Унгарската компанијa производител на автобуси “Електробус – Икарус” и австриската компанија “ЕВН” , ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.

Согласно Одлуката, компанијата “Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија “ЕВН” станиците за полнење.  

Според техничките каректеристики, меѓу другото, електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење. Избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправката на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба. Автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:  

-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот

– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот

По донесување на Одлука за избор, утврден е рок за жалба од десет дена.

Можете да прочитате

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

СДСМ: Нафтата повторно поскапи, а Мицкоски брза да се задолжи – буџетот „во одлична кондиција” за нови тендери

Левица со поддршка на првомајскиот протест на синдикатите