Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Изгласани нетранспарентни законски измени во областа на рударството и минералните суровини со штетни последици по природата и здравјето на граѓаните

Dom zname.jpg

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на донесувањето на Законот за минерални суровини по скратена постапка без јавна расправа и без вклучување на стручната јавност и граѓаните.

Овој начин на носење закон не е техничко прашање – туку суштинско отстапување од демократските принципи. Кога се носат одлуки што директно влијаат врз природните ресурси, здравјето на луѓето и иднината на локалните заедници, исклучувањето на јавноста и покрај бројните реакции е неприфатливо.


Дополнително загрижуваат решенијата што отвораат простор за злоуптреби и еколошки штети како што се:

  • рударски активности да започнат пред да се решат имотно-правните односи со граѓаните,
  • клучни одлуки за „стратешки” минерали да се носат без доволна контрола и јавен надзор,
  • приватни интереси да иницираат проекти со сериозни последици врз животната средина,
  • потенцијално заобиколување или слабеење на постојните еколошки стандарди.

ДОМ јасно укажува дека ваквите законски решенија носат ризик од правна несигурност, зголемени еколошки штети и дополнителна недоверба кај граѓаните. Затоа прашуваме и бараме објаснување и аргументи: дали ваквите „решенија” навистина носат добивка или пак се трошок за граѓаните и државата?

За нас се неприфатливи наративите дека овие законски измени се во име на  „усогласување со европските стандарди”. Напротив, европските практики и граѓанската демократија подразбираат транспарентност, учество на јавноста и силна заштита на животната средина – нешто што во овој случај е целосно изоставено.

Ја повикуваме јавноста и сите политички чинители да ги искористат сите демократски и институционални механизми за да се преиспитаат спорните одредби. ДОМ ќе продолжи да соработува и да ги поддржува граѓанските организации, експертската јавност и локалните заедници и заедно да ги спречиме ваквите штетни законски решенија

Бараме:

  • отворање на итна јавна дебата за законот,
  • ревизија на спорните решенија,
  • гаранции за заштита на животната средина и правата на граѓаните.

Развојот кој се гради на сметка на природата и здравјето на луѓето не е развој, туку краткорочен интерес и профитерство во корист на поединци. Одговорноста за овие одлуки е сериозна – и затоа мора да се носат внимателно, транспарентно и во интерес на јавноста и државата.

Можете да прочитате

Царинските службеници пронајдоа 68.000 австралиски долари при контрола на сопружници

Кривична за полицаец, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите