
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со жесток вербален напад на острите критики упатени од германскиот канцелар Фридрих Мерц кон американската офанзива врз Иран.
„Тој нема поим за што зборува. Иран да има нуклеарно оружје, целиот свет ќе биде заложник“, напиша Трамп на својот профил на платформата „Truth Social“.
„Во моментов правам нешто со Иран што други држави или претседатели требаше одамна да го направат. Не е ни чудо што Германија стои толку лошо, и економски и инаку“, напиша американскиот претседател.
Германскиот канцелар и американскиот претседател некогаш имаа добри односи, а Мерц важеше за еден од ретките европски политичари со директен пристап до Трамп.
Сепак, во последниот период Мерц ја заостри реториката и ги критикуваше САД, обвинувајќи ги дека немаат јасна стратегија за излез од конфликтот со Иран.
Тој предупреди дека Американците влегле во конфликт без јасен план за негово завршување, споредувајќи го тоа со искуствата во Авганистан и Ирак.

