Утрински Весник
Свет

Воената парада во Москва годинава без приказ на воена техника

20260429081411 big 730x400 90.webp.webp

Воената парада што секоја година се одржува на Црвениот плоштад во Москва, а со која Русија ја одбележува годишнината од победата над нацистичка Германија, оваа година ќе мине без приказ на руската воена техника, поради оперативната ситуација поврзана со воените активности против Украина.

Како што соопшти руското Министерство за одбрана, во парадата што традиционално се одржува на 9 Мај и ја означува капитулацијата на Германија во Втората светска војна, ќе учествуваат припадници на високи воени училишта и различни родови на руските вооружени сили, додека некои образовни институции нема да бидат вклучени. 


„Оваа година нема да има воена техника на парадата“, соопшти Министерството, притоа посочувајќи дека ќе биде прикажана и улогата на војската во „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина.

Според Министерството за одбрана, ќе учествуваат и Стратешките ракетни сили, Воздушно-космичките сили и екипажи на воено-поморската флота, додека воени авиони ќе изведат прелети и ќе ги прикажат боите на руското знаме.

Повеќе од четири години по почетокот на војната, руските сили продолжуваат со бавно напредување на истокот на Украина, додека мировните преговори со посредство на САД се во застој.

Можете да прочитате

Кој воопшто ги донесува одлуките во Иран?

Трамп со жесток одговор на критиките упатени од страна на германскиот канцелар Фридрих Мерц

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците