Утрински Весник
Свет

Трамп со жесток одговор на критиките упатени од страна на германскиот канцелар Фридрих Мерц

Tramp 2.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со жесток вербален напад на острите критики упатени од германскиот канцелар Фридрих Мерц кон американската офанзива врз Иран. 

„Тој нема поим за што зборува. Иран да има нуклеарно оружје, целиот свет ќе биде заложник“, напиша Трамп на својот профил на платформата „Truth Social“.


„Во моментов правам нешто со Иран што други држави или претседатели требаше одамна да го направат. Не е ни чудо што Германија стои толку лошо, и економски и инаку“, напиша американскиот претседател.

Германскиот канцелар и американскиот претседател некогаш имаа добри односи, а Мерц важеше за еден од ретките европски политичари со директен пристап до Трамп.

Сепак, во последниот период Мерц ја заостри реториката и ги критикуваше САД, обвинувајќи ги дека немаат јасна стратегија за излез од конфликтот со Иран.

Тој предупреди дека Американците влегле во конфликт без јасен план за негово завршување, споредувајќи го тоа со искуствата во Авганистан и Ирак. 

Можете да прочитате

Кој воопшто ги донесува одлуките во Иран?

Воената парада во Москва годинава без приказ на воена техника

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците