Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја стави СДСМ во служба на туѓи политички агенди

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС на чело со Венко Филипче наместо да си ја реформира партијата која се повеќе губи доверба кај граѓаните избра да се занимава со политички инженеринг во други држави. СДС и Венко Филипче наместо да се борат за довербата на сопственото членство и граѓаните тие градат фронтови за туѓи потреби.


СДС и Филипче по насока и инструкции на Заев и Башановиќ се ставија на располагање на политички агенди на туѓи држави само поради личните бизнис интереси на Зоран Заев.

Генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ на средбата во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократска странка, договориле заедничка соработка за формирање на опозициски фронт со кој ќе делуваат на српската политичка сцена.

Средбите во Скопје меѓу српските опозиционери и раководството на СДС не се случајни, ниту пак се водени од принципи. Напротив, тие се дел од координирана акција креирана по насоки на Заев и Башановиќ, со јасна цел, остварување на лични и бизнис интереси надвор од Македонија.

Додека државата се соочува со сериозни предизвици, СДС избира да се занимава со политички инженеринг во друга држава. Ова не е политика. Ова е злоупотреба на партијата и целосно отуѓување од реалноста во Македонија.

За чии цели и поради кои интереси Заев и Филипче работата на оваа платформа?

Овој начин на делување на СДС преку Димитриевиќ поради личните цели на Заев и Башановиќ ја доведе СДС до ниво на маргинална партија во државата.

СДС се распаѓа, ја губи поддршката кај сопственото членство и граѓаните и се претвора во алатка на поединци за остварување на нивните интереси.

Македонија заслужува одговорна и посветена опозиција, а не партија што работи по туѓи инструкции и за туѓи интереси додека интересите на граѓаните за СДС се во втор план.

Време е за јасна одговорност и конечно расчистување со ваквите политики.

Можете да прочитате

Скопје со стотици градилишта и само 7 инспектори за безбедност при работа

Инцидент во Чаир: Полицијата пукаше во воздух за да спречи толпа која попречувала апсење

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно