Утрински Весник
Македонија

Викендов сончево и потопло, од вторник нестабилно со пониски температури и дожд

Vreme 1.webp.webp

За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.


Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната утринска температура ќе биде -2 степена (во Берово), а максималната дневна 23 (во Гевгелија).

Можете да прочитате

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’