Утрински Весник
Македонија

Средба Хоџа-Тошниг: Продлабочување на соработката со Австрија во областа на животната средина 

2 1.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција.

Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, а беше презентиран и процесот на воспоставување на современ регионален систем за управување со отпад. Осврнувајќи се зајакнувањето на мрежата на заштитени подрачја, Хоџа посочи дека Австрија има искуство во управување со националните паркови кое може да биде вредно за нашата земја.


Двете страни ја потврдија вредноста на соработката преку инструментите на Европската Унија и го искажаа заедничкиот интерес за продлабочување на партнерството во областа на животната средина. Министерот Хоџа посебно го истакна значењето на Законот за климатска акција, кој е во процес на усвојување и кој ќе воспостави сеопфатна рамка за справување со климатските промени.

Средбата на двајцата министри се одржа во рамки на официјалната посета на Република Австрија на владина делегација предводена од премиерот Мицковски.

Можете да прочитате

Николоски: Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија

Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада