Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски се сретна со градоначалникот на Матера од Италија

Orce gradonacalnik.jpg

Во духот на меѓусебна почит и соработка, денеска се одржа средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти. Средбата помина во исклучително конструктивна и пријателска атмосфера, при што беа разменети искуства и добри практики во областа на локалниот развој, културата и туризмот.

На состанокот беа поставени основите за понатамошна соработка меѓу двата града, со посебен акцент на развој на културни иницијативи, унапредување на туристичката понуда и создавање нови можности за економски раст.


Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓународните партнерства на Скопје и е вовед во активностите поврзани со проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″. Настанот носи нова визија, свежа енергија и европска перспектива за градот, отворајќи простор за динамичен културен развој и поголема видливост на Скопје на европската сцена.

Град Скопје останува посветен на градење цврсти меѓународни односи и реализација на проекти кои придонесуваат за подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Можете да прочитате

Градежен шут се исфрла среде населено место во Ченто

Нови инвестиции во пумпните станици на Општина Илинден

100 електрични автобуси, БРТ и 520 нови паркинг места за скопскиот сообраќај