Утрински Весник
Македонија

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција

Pistol.png

На 21.04.2026 во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки.


Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Собранието ја усвои потребата за укинување на „Пржинската влада“

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ