Утрински Весник
Македонија

Со тесла ограбил маркет и украл 52.900 денари – уапсен при нов обид

Ojo.webp.webp

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект.

Осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол  внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал во непознат правец.


На 18 април, повторно на ист начин се обидел да влезе во истиот маркет, но за кратко време бил забележан од случајни минувачи и вработени кои пријавиле во полиција.

Во конкретниот случај постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особено затоа што осомничениот непријавено престојувал во државава, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Можете да прочитате

ДНК-докази клучни во обвинението против судијата Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Свечено отворање на националната вежба „БЛЕСОК 26“ и започнување на процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група

Македонија и БиХ ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза