Утрински Весник
Економија

За основен живот во април потребни речиси 69.000 денари

Whatsapp image 2026 04 20 at 11.25.25.jpeg

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797 денари, што претставува ново зголемување на трошоците за живот на граѓаните.

Споредбено со месец март 2026 година, кога вредноста на кошницата изнесувала 67.818 денари, во април е регистриран раст од 979 денари.


Дополнително загрижува податокот дека за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци во март достигнале 84.172 денари, што покажува колку сериозен финансиски товар претставуваат основните животни потреби.

Анализите покажуваат дека во периодот од јануари до април 2026 година, вредноста на Синдикалната минимална кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари.

Овие бројки укажуваат на континуиран раст на цените и сè потешко справување на домаќинствата со секојдневните трошоци, особено за семејствата со пониски примања.

Економските експерти предупредуваат дека ваквиот тренд дополнително ќе го намали животниот стандард доколку не следат мерки за раст на платите и стабилизирање на цените.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра