Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Петмина министри-албанци во правдата, но ДУИ го остави албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Љога, од кои последниот заврши во скутот на Али Ахмети. Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправда. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик.


Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-албанци од тоа време.

Сето ова ја разоткрива ДУИ и нејзината измама до срж. Јавно се преправаат дека се патриоти, во институциите гласаа и потпишуваа против Албанците.

Ова е вистината што ги гори. Не им недостигаа позиции. Не им недостигаа гласови. Не им недостигаше време. Само им недостигаше волја. Бидејќи за ДУИ, Албанецот беше вреден само кога носеше гласови и кога служеше за полнење на џебовите на неговата клика.

Можете да прочитате

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа