Утрински Весник
Свет

Два брода под индиско знаме нападнати додека се обидувале да поминат низ Ормуската теснина

Ormus.webp.webp

Два брода под индиско знаме што превезувале сурова нафта биле нападнати денеска додека се обидувале да поминат низ Ормуската теснина, потврди индиското Министерство за надворешни работи.

Иран испратил порака дека преминот не е дозволен, а според извори од поморската индустрија, кон бродовите бил отворено оган. Инцидентите се случиле меѓу островите Кешм и Ларк, по што пловилата се повлекле.


Британската агенција за поморска безбедност потврдила дека танкер бил нападнат од две пловила на иранската Револуционерна гарда, но екипажот е безбеден.

Техеран во меѓувреме објави дека повторно го затвора Ормускиот теснец, повикувајќи се на американската блокада, а преку радио порака им било наложено на сите бродови да не влегуваат.

Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат притисок од Иран, но потврди дека разговорите меѓу двете страни продолжуваат.

Можете да прочитате

Иран ќе им даде приоритет за премин низ Ормуската теснина на бродовите кои ќе платат

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни

Двајца убиени и пет повредени меѓу кои и дете во пукотница во Киев, соопшти градоначалникот Кличко