Утрински Весник
Економија

ССМ излегува на првомајски протест

Ssm protest 4 1024x768.avif.avif

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најавува масовен работнички протест на 1 мај, со кој годинава ќе се одбележи Меѓународниот ден на трудот.

Под мотото „Се бориме за зголемување на платите, а не се молиме“, синдикатот ги повикува граѓаните да се приклучат на протестот што ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом. Главното барање останува исто – зголемување на минималната плата, но и раст на сите останати примања во согласност со зголемените трошоци за живот.


Од ССМ посочуваат дека сегашното законско усогласување на платите, кое изнесува околу 1.600 денари, не е доволно за да го следи растот на цените. Според нивните пресметки, трошоците за живот од почетокот на годината се зголемени за најмалку 2.500 денари, што дополнително го оптоварува буџетот на граѓаните.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра