Утрински Весник
Македонија

Од вторник доаѓа голем пад на температурите и врнежи

Ecmwf meteo model 1 768x384 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Прогностичките материјали, односно прогностичкиот модел (ECMWF) Европски центар за Среднорочна прогноза повторно ни црта дека веќе од вторник 21 април 2026 во Македонија како и во поширокиот дел од Балканот и Европа повторно ќе ни се спушти значително поладен воздух од север кој ќе ги спушти температурите на воздухот дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега и тие во текот на следната седмица ќе бидат под просекот за месец април.


Исто така во нашиот дел од Европа особено вторник и среда 21/22 април 2026 ни носи на повеќе места и врнежи од дожд а поради заладувањето има услови на највисоките планински места кај нас повторно да имаме послаби врнежи од снег. Сето ова ќе ни биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе ни биде засилен на интензитет.

Температурите особено во вторник и во среда 21/22 април 2026 кај нас во Македонија на многу места нема да надминуваат 15 степени а на повеќето места тие ќе се задржат околу или малку над 10 степени преку ден а ќе има места каде температурите  и преку ден нема да надминат 10 степени. Наутро пак во текот на следната седмица особено на повисоките населени места  и на планините температурите има услови да се спуштат дури и под нулата со што ќе има услови за појава на слаб мраз.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, и да почнат да бидат опозиција во Македонија

ДУИ: Пад од 61% на странските инвестиции

Дали изјавата на Мицкоски е кривично дело?