Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Пад од 61% на странските инвестиции

Dui.webp.webp

Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од 61% на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра.

Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата.


Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива.

Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостаток на стратешка насока, капиталот избира други дестинации.

Додека земјите од регионот се натпреваруваат за нови инвестиции, Северна Македонија губи чекор со алармантно темпо.

Падот од 61% значи помалку работни места, помало производство, помали можности за повисоки плати и помалку шанси за младите.

Актуелната влада го доби мандатот со ветувања за економски развој и рекордни инвестиции. Денес билансот е целосно спротивен.

Внатрешната политичка изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, затегнатите односи со меѓународните партнери и застојот на европскиот пат создаваат директни економски последици.

За оваа состојба мора да има јасна политичка одговорност. Влада која за кратко време ја носи државата на дното во регионот по странски инвестиции, нема кредибилитет да бара трпение од граѓаните.

Оставката на оваа влада е првиот неопходен чекор за враќање на довербата, стабилноста и развојната перспектива на државата.

Можете да прочитате

Одбраната на Дејан Јованов Деко бара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат бајките на Мицкоски за 3 та економија во Европа