Утрински Весник
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

Studeno Vreme.jpg

Утринава во земјава се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка со -2 степени. Во Берово и Маврови Анови се измерени 2 степени, во Крива Паланка и Крушево 3, додека во Виница и Лазарополе 4 степени.

Повисоки утрински температури се регистрирани во Претор, Штип и Куманово со 6 степени, додека во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп и Струмица се измерени 7 степени. Во Скопје, Велес и Кавадарци утринската температура достигна 8 степени, а најтопло било во Демир Капија и Гевгелија со 9 степени.


Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Берово со 3 литри на метар квадратен, додека во Крива Паланка и Гевгелија наврнале по 2 литри. Помали врнежи од 1 литар се измерени во Виница и Струмица.

Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде утринава се измерени 34 сантиметри снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд, особено во источните делови од земјата. Попладне се очекува постепено намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со услови за слаб дожд во делови од котлината во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 15 степени.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Албанците не се алатка. Албанците се закон

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ