Утрински Весник
Македонија

Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

Lift.png

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени. После тоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С..


Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.  

Можете да прочитате

Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани