Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Скоро 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на годината

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштение за јавност на ДУИ:

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ.


Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика.

Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати:
• Јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWh
Вкупно: 12.447.120 евра
• Февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWh
Вкупно: 11.938.752 евра

Вкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија.

Овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните.

Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури.

Можете да прочитате

„Отворен ден со Царинската управа” во Куманово: околу илјада посетители се запознаа одблизу со оперативното работење на Мобилна Царина

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: