
Соопштение за јавност на ДУИ:
Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата.
Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла.
Според презентираните податоци:
– Дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна.
– Одлуката е донесена без доволни докази и без утврдување на индивидуална одговорност.
– Постојат сериозни индиции за накнадно конструирање на аргументи и оправдувања за веќе донесена одлука.
– Изречената мерка, престанок на работниот однос, е несразмерна во однос на наводите.
Овие се индикатори на еден опасен модел на одлучување.
Кога еден министер носи вакви одлуки:
– без почитување на законските рокови,
– без цврсти докази,
– и со сериозни последици за граѓаните,
тогаш станува збор за арбитрарност.
Фактот што се работи за петмина вработени албанци ја прави оваа состојба уште почувствителна и бара целосна транспарентност. Во министерство чија мисија се односите меѓу заедниците, секоја ваква постапка мора да биде над секое сомневање за пристрасност.
Демократската унија за интеграција бара:
– Целосно објавување на сите постапки и одлуки што довеле до овие отпуштања.
– Институционална истрага за почитувањето на законските процедури во овој случај.
– Итно преиспитување на одлуките, во согласност со законот и стандардите на јавната администрација.
Институциите не можат да функционираат врз селективни и правно неосновани одлуки. Секое отстапување од процедурите создава несигурност кај вработените и го нарушува довербата на граѓаните.
Овој случај треба да се третира како тест за сериозноста на институциите и за нивната посветеност кон принципите на еднаквост и законитост.

