Утрински Весник
Спорт

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во Пулс

20260315124607 big 730x400 56.webp.webp

Од Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин оддадоа почит и испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Со една од групите на велосипед беше кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов. Од Паркот на Револуцијата велосипедистите се упатија кон Оризари, пошто поминаа низ Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата заврши повторно во Паркот на Револуцијата.


Настанот е дел од тридневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 млади лица, а над 200 се повредени.

Можете да прочитате

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс

Прва победа за Антонели во Формула 1