Утрински Весник
Македонија

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Foto 2 1.jpg

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов” и од „Гоце Делчев”, придружувани од своите наставници.

Младите посетители со внимание ја проследија церемонијата што традиционално се одржува секој втор петок во месецот, а ја реализира Баталјонот за почести при македонската армија, како израз на почит кон знамето и државата.


По свечениот чин, гостите ги разгледаа просториите на Кабинетот и во непосреден разговор со Сиљановска-Давкова, со голема љубопитност ѝ поставија бројни прашања со коишто покажаа завидна зрелост: за секојдневните предизвици, за активностите коишто ѝ недостасуваат поради зафатеноста со претседателската функција, за омилените активности во детството, за школувањето и професијата, но и за уметничките дела коишто го красат Кабинетот.

Восхитена од нивната искреност и смелост, таа им укажа на важноста да бидат свои, оригинални и критични, да веруваат во силата на знаењето, да другаруваат со книгите и да си ја сакаат  татковината.

На крајот од посетата, учениците ѝ подарија прекрасни цртежи и ракотворби, изработени со многу креативност и посветеност, а од Кабинетот си заминаа со насмевки и убави впечатоци, како што рекоа.

Можете да прочитате

Трипуновски од Делчево: Продолжуваме со кампањата што ја започнавме, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците 

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити