Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Синдикалните протести се политизирани, дијалогот за платите треба да се води меѓу работниците и работодавачите

Mickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски упати апел до јавноста за внимателност во однос на пораките од синдикалните организации, обвинувајќи дел од нивното раководство за директна поврзаност со опозицијата и политичка манипулација. По повод најавениот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тој истакна дека Владата целосно го почитува Законот за минимална плата, според кој таа наскоро ќе надмине 26.000 денари.

Мицкоски нагласи дека Владата не е вистинската адреса за барањата за драстично зголемување на минималната плата, туку тоа прашање треба да се реши преку бипартитен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, објави 4news.mk Според него, доколку овие две страни постигнат консензус, Владата е подготвена да го поддржи таквиот договор. Премиерот дополнително ги критикуваше синдикалните претставници за контрадикторно однесување — од фалење на владините политики при потпишување колективни договори, до блокирање на сообраќајот во Скопје следниот ден. Тој ги отфрли пресметките за потрошувачката кошница како нереални, тврдејќи дека тие се користат за креирање политички хаос наместо за реална заштита на работничкиот стандард.


Можете да прочитате

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 

Исплатени 30,3 милиони денари дополнителна поддршка за 243 земјоделци

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност