Утрински Весник
Балкан

Дојави за бомби во Црна Гора и Босна и Херцеговина

Policija Police Pixa.jpg

По пријави за поставени бомби во неколку објекти полицијата спроведе проверки во Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во Подгорица, полицијата реагирала по добивањето на електронска порака со закана за бомба во трговските центри „Биг Фешн“ и „Сити Мол“. Службениците веднаш започнале проверки на терен и преземаат мерки за обезбедување на безбедноста. За случајот е известено Основното државно обвинителство во Подгорица, а полицијата работи на идентификација на лицето кое ги испратило заканите. Јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите.


Во Сараево, дојава за поставена бомба била примена во кулата „Аваз Твист“, објект од 35 ката. Полициските екипи извршиле целосна евакуација на сите вработени и посетители, додека специјализирани тимови спроведуваат детален увид за да утврдат дали заканата е реална. Полицијата го обезбедува поширокиот простор околу објектот, а оперативниот центар потврди дека проверките се во тек.

Се очекуваат нови информации откако полицијата ќе ја заврши деталната контрола на објектите.

Можете да прочитате

Истанбул ќе ги пречека Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад на Шпанскиот Суперкуп

Вучиќ ќе поднесе оставка на 27 септември за да се вклучи во изборната кампања, в.д. претседател ќе биде Ана Брнабиќ

Aвтобус со ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа во Црна Гора