
Обвинителката Ленче Рисотвска која се кандидираше за нов државен јавен обвинител преку писмено соопштение реагира на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност.
Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество.” се наведува во реакцијата.
Инаку, вчера во телевизиско интервји, Мицкоски кажа дека Ристовска сигурно нема да биде нов државен јавен обвинител.

