Утрински Весник
Македонија

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро

Image 2026 02 16 212603161.png

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армијата.

При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето.

Можете да прочитате

Притвор побара Обвинителството за косовски државјанин по несреќата со четири жртви кај Скопје

Рубин Земон поднесе оставка од ИО на СДСМ: Не сакам моето семејство да биде мета на напади

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?