Утрински Весник
Спорт

ПМФЛ: Македонија ЃП и АП Брера забележаа победи

Pmfl.png

Во двата денешни натпревари во рамки на 18. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Македонија ЃП извојува домашна победа над Шкупи со 3-0, додека АП Брера триумфираше на гостински терен против Арсими со 2-0.

Фудбалерите на Македонија ЃП очекувано дојдоа до лесен триумф над последнопласираниот Шкупи со головите на Малик (11 минута), Гереро (20) и Софијаноски (29).

На дуелот меѓу Арсими и АП Брера, прволигашот од Струмица дојде во водство со голот на Петровиќ во 23 минута, а победата на гостинскиот тим ја потврди Стојанов во завршните моменти од натпреварот.

Прволигашкото коло утре ќе биде комплетирано утре со пресметката меѓу Башкими и Пелистер.

ПМФЛ – 18 коло:

Македонија ЃП – Шкупи 3-0

Арсими – АП Брера 0-2

Струга – Силекс 2-3

Работнички – Вардар 0-3

Тиквеш – Шкендија 1-4

Башкими – Пелистер (вторник, 14 часот)

Табела: Вардар 48, Шкендија 41, Струга 41, Силекс 35, АП Брера 23, Башкими 23 (-1), Арсими 22, Тиквеш 21, Македонија ЃП 19, Пелистер 19 (-1), Работнички 7, Шкупи 1.

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948

ЗОИ 2026: Неколку биатлонки претрпеа труење од бургери

ЗОИ 2026: Велцебур најбрза на 1.000 метри, таа стана трикратен олимписки шампион во брзо лизгање