Утрински Весник
Македонија

Николовски: Ќе се бара конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

Img 7980.jpeg

Министерот за транспорт Александар Николовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.

Како што наведува Николовски, Министерството за транспорт, како надлежна институција за објекти од прва категорија – меѓу кои аеродроми, болници, објекти за високо образование, спортски сали и други инфраструктурни објекти од државно значење – во изминатиот период презело активности за решавање на проблемот со нелегалните градби во оваа област.

Во координација со Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат и Аероклубот на спортскиот аеродром Стенковец, ќе биде покрената постапка за конфискација на објектот, кој, според министерот, е целосно нелегално изграден на државно земјиште.

Надлежните институции, како што посочува Николовски, ќе се обратат до Обвинителството и Судот со барање објектот да биде конфискуван во корист на државата, по што би можел да се користи од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство за обука на пилоти и други потреби.

„Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, наведува Николовски во статусот.

Можете да прочитате

Приведен 65-годишен маж од Свети Николе по семејна расправија и закани

АА-Села: Министерот за правда да поднесе оставка, правосудниот испит да се одржи на албански јазик 

Албански државјанин приведен кај Гевгелија поради превоз на мигранти