Утрински Весник
Македонија

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари

Img 7826.jpeg

Полицијата расчисти девет кривични дела „измама“ поврзани со лажни сообраќајни незгоди, а осомничениот 38-годишен П.С. од Охрид е приведен и му е одредена мерка притвор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 04.02.2026 година полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, презеле оперативно-тактички мерки со цел расчистување на претходно сторени кривични дела измама, извршени преку инсценирани сообраќајни незгоди.

При преземените активности, лишен од слобода бил П.С.(38), кој по извршен службен разговор го појаснил начинот, местото и времето на извршување на вкупно девет кривични дела, од кои шест биле сторени на подрачјето на Штип, а три во Виница.

Според полицијата, оштетените лица биле измамени за вкупна сума од околу 3.600.000 денари.

Против осомничениот до Основното јавно обвинителство Штип е поднесена кривична пријава по итна постапка, а по предлог на обвинителството тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.

Можете да прочитате

Јаневска: Не верувам дека се заобиколени процедурите за постапување во случајот со мозочните ткива

,,Моето дете е во гроб” – емотивни сцени и прекин на судењето за пожарот во ,,Пулс”

Реформска агенда и европскиот пат: Владата го презентираше напредокот пред ЕУ амбасадорите