Утрински Весник
Скопје

Сите што должат за данок на имот кон Град Скопје имаат 15 дена да го платат истиот

579095388 1371194147967204 8479893967266000513 n.jpg

Граѓаните и компаниите во следните 15 дена да го подмират данокот на имот за периодот 2022–2025 година, повика денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој образложи дека станува збор за наталожени обврски што директно го ограничуваат финансирањето на инфраструктурата и јавните услуги.

Според податоците што ги изнесе, неплатениот данок на имот за изминатите четири години изнесува близу 20 милиони евра и го должат 95.562 физички лица и 2.335 правни субјекти. Тој потсети дека претходно веќе биле блокирани 15.000 сметки за неплатен данок на имот за 2021 година, со вкупен износ од 1,3 милиони евра, и порача дека наплатата на старите долгови ќе продолжи.

Ѓорѓиевски тврди дека во првите два месеца неговиот тим намалил повеќе од 40 милиони евра обврски на Град Скопје и на јавните претпријатија, паралелно со старт на капитални проекти, како и дека е донесен буџет од 5,2 милијарди денари, повисок за 12% во однос на лани.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“

Карпошани ќе добијат Младински и Ресурсен центар

Општина Аеродром: Менторски сесии за граѓански организации – ReLOaD3