Утрински Весник
Македонија

Полициски службеник споделил службено видео со затвореник – кривична пријава и суспензија

Whatsapp image 2025 11 19 at 09.34.54.jpeg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерство за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Специјализирано одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против А.Ј., полициски службеник вработен во ПС ОН Ѓорче Петров.

Пријавата е поднесена поради основано сомнение дека А.Ј. сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, казниво по член 360 од Кривичниот законик.

Случајот датира од 20 декември 2025 година, кога управител на угостителски објект во Скопје пријавил кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Во рамки на постапувањето по пријавата за оштетување, управителот му доставил на полицискиот службеник видео-снимка од безбедносните камери, како доказен материјал.

Наместо видеото да остане во службена употреба, осомничениот полициски службеник, според наводите, го споделил преку социјалната мрежа Инстаграм со лице кое издржува затворска казна во КПД Затвор Прилеп. Истото лице, инаку, било пријавено од управителот на угостителскиот објект како осомничено за кривичното дело „изнуда“.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола најави и поведување дисциплинска постапка против А.Ј. за тешко кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат преземени задолжителни мерки, меѓу кои одземање на службеното оружје и муниција, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед, како и негово времено отстранување од работното место, односно суспензија, сè до завршување на дисциплинската постапка.

Можете да прочитате

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна

Тешка сообраќајка на патот Кочани -Штип

Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла