Утрински Весник
Македонија

„Безбеден град“ денеска треба да се усвои во Собранието

Safe city.jpg

Законот за прекршоци е последниот од низата закони што треба да се донесат за непречено да функционира системот „Безбеден град“.

Измените на тој закон денеска ќе се најдат на пленарна седница на Собранието а за негово усцојување е потребно двотретински мнозинство.

Ако денес се изгласаат измените системот ќе започне со функција на прво февруари во градовите Скопје, Тетово и Куманово.

Со усвојувањето на законските измени, камерите во Скопје, Тетово и Куманово повеќе нема да служат само за мониторинг, туку ќе бидат директно поврзани со системот за издавање казни. Практично, тоа значи дека прекршоците ќе се евидентираат автоматски, без интервенција на сообраќаен полицаец на лице место.

Можете да прочитате

Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во Македонија

Татко го турнал 19-годишниот син по скали, момчето завршило со тешки телесни повреди

Кај осуденик во „Идризово“ најдени 27 пакувања со марихуана