Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Отворен конкурс за проекти што носат нова енергија на културната сцена на Општина Центар

O.jpeg

Општина Центар распиша конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата за 2026 година, со цел унапредување и збогатување на локалната културна сцена.

„Општина Центар е препознатлива по својата автентична културна понуда, по креативните идеи и уметничките изрази што го оживуваат јавниот простор. Ги повикувам сите уметници, здруженија и организации од областа на културата да се пријават на конкурсот и да бидат дел од центарската приказна”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Приоритет  имаат  проекти што ја промовираат современата уметност,  вклучуваат различни возрасни групи и афирмираат млади професионалци.

Предложените проекти треба да бидат од областа на изведбените, музичките и визуелните уметности, уметноста на новите медиуми, издавачката и библиотечната дејност, како и промоција на културното наследство.

Пријавите со целокупната документација може да се достават по пошта на адреса Општина Центар – Скопје, Сектор за јавни дејности, Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков” бр. 1, или лично во Архивата на Општина Центар (барака 6), секој работен ден од 9 до 15 часот.

Рокот за пријавување е 10 дена од денот на објавувањето на конкурсот на општинската веб-страница.
Повеќе информации наhttps:Јавни повици | Општина Центар

Можете да прочитате

Изменет режим на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на крстосница улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“

Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР

Меџити во Бурса: Албанците во Турција, мост на соработка за ревитализација на Старата скопска чаршија