Утрински Весник
Македонија

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово

Struja steker.jpg

Дел од Тетово и повеќе места во тетовскиот регион утре ќе останат без електрична енергија. Најавениот прекин е поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Прекини во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 09:00 до 14:30 часот, со различно времетраење во зависност од локацијата.

Без електрична енергија ќе останат:

  • дел од селото Радиовце, конкретно објектите на излезот од селото кон село Теново (од 09:00 до 14:00 часот),
  • дел од селото Желино, вклучувајќи ги објектите до старата месна заедница, како и објектите кај фабриката „Делфи Комерц“ и околината (од 09:00 до 14:30 часот),
  • дел од селото Копачин Дол, односно објектите во близина на клучката пред селото (од 09:00 до 14:30 часот),
  • како и дел од град Тетово, поточно кај управната зграда на „Нормак Инвест“ во ТИРЗ Тетово (од 09:00 до 14:30 часот).

Надлежните информираат дека прекините се со цел подобрување и одржување на електродистрибутивната мрежа и апелираат до граѓаните за разбирање.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари