Утрински Весник
Спорт

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

20260122072721 big 730x400 69.webp.webp

По комплетирањето на седмото коло во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Арсенал и на Баерн Минхен изборија директно учество во осминафиналната фаза.

Баерн синоќа на домашен терен го совлада Ројал Унион и му се придружи на Арсенал.

Другите шест директни учесници во 1/8финалето, како и екипите кои ќе играат бараж за влез помеѓу 16-те најдобри ќе бидат познати по одигрувањето на 8. коло.

Резултати на натпреварите од 7. коло играни вчеравечер:

Галатасарај – Атлетико Мадрид 1:1
Карабах – Ајнтрахт Франкфурт 3:2
Аталанта – Атлетик Билбао 2:3
Баерн – Ројал Унион 2:0
Челзи – Пафос 1:0
Јувентус – Бенфика 2:0
Марсеј – Ливерпул 0:3
Њукасл – ПСВ 3:0
Славија Прага – Барселона 2:4.

Лидер на табелата е Арсенал со максимални 21 бод, Баерн има 18, Реал и Ливерпул по 15, Тотенхем 14…

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка