
Вооружени лица киднапираа повеќе од 150 верници во истовремени напади врз три цркви во северозападна Нигерија, изјави денес локален функционер за агенцијата АП.
Нападот се случил вчера во Курмин Вали, село во областа Каџуру во нигериската држава Кадуна, за време на миси во три цркви, изјави Усман Данлами Стинго, пратеник во парламентот за таа област во нигериската држава.
Тој рече дека 177 лица биле однесени, но 11 се вратиле. Полицијата во државата Кадуна не даде коментар, пренесува АП.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
Ваквите напади се вообичаени во Нигерија, најнаселената земја во Арика, каде што банди и вооружени религиозни групи напаѓаат изолирани села каде што има мало присуство на владата. Северниот регион на земјата беше најтешко погоден.


