Утрински Весник
Македонија

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер

Pari.jpg

Од страна на мобилните тимови на Царинската управа спречен е обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано од страна на мобилен тим за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра.


Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

УЈП ги изготвува МПИН пресметките за паушалците