
Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук.
„ Проектот има за цел создавање модерен спортски центар кој ќе одговори на потребите на професионалниот и рекреативниот спорт.
Салата располага со вкупна површина од околу 2.000 м², од кои 1.400 м² се наменети за спортскиот терен, а 600 м² за пропратни простории, административни содржини и сервиси. Проектираниот капацитет изнесува приближно 1.000 гледачи.
Проектот опфаќа изградба и опремување на спортски објект со ФИБА LEVEL 1 стандард, со вградување на енергетски ефикасни системи за греење, ладење и вентилација, подно греење поврзано на градската топловодна мрежа, како и современо спортско осветлување со професионална фотометрија. Предвидено е поставување на квалитетен масивен спортски под, нова спортска опрема и целосно обновување на административните и придружните простории.
Инвестицијата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт.
Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина “ , напиша премиерот Мицкоски.

