Утрински Весник
Спорт

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

20260116073554 big 730x400 56.webp.webp

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.

Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска (првиот дуел беше во 2014 година). Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија.

Нашите ракометари во недела од 18 часот играат против Португалија, а во вторник во истиот термин противник ни е селекцијата на Романија.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград