Утрински Весник
Македонија

Македонскиот пасош подобро рангиран од БиХ и Албанија

Pasos.jpg

Неколку земји овозможуваат лесен пристап до најмногу дестинации без виза. Сингапур е прв со 192 дестинации без виза, а Јапонија и Јужна Кореја делат второ место со 188. Третата позиција ја делат пет европски држави Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија (186 дестинации), додека на четврто место се 11 европски земји (185). Петтото место го делат Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија и ОАЕ (184), каде што последниве две децении е забележан голем раст.

Следуваат Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд (шесто место), Австралија, Латвија, Лихтенштајн и Велика Британија (седмо), Канада, Исланд и Литванија (осмо), Малезија (девето), а САД се вратија на 10. место со 179 дестинации. Бугарија и Романија се на 11. место (178).

Во регионот, најдобро рангиран е Србија (34. место, 136 држави), Македонија и Црна Гора (38. место, 128), БиХ (42. место, 122), Албанија (43. место, 121) и Турција (46. место, 113). Косово е најслабо рангирано (59. место, 81 држава), заедно со Кина и Боцвана.

На дното на листата се држави со конфликти или кризи: Пакистан, Јемен, Ирак, Сирија, а последен е Авганистан со само 24 дестинации без виза.

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет