Утрински Весник
Македонија

Нема продолжување на зимскиот распуст

Skolo 620x330 1.png

Бројот на заболени од грип во земјава бележи значителен пораст. Изминатата недела бројот на новорегистрирани случаи е зголемен за 34 проценти.

Најголем број случаи се регистрирани во Скопје и Тетово. Во Берово, Пехчево и Делчево досега не е евидентиран ниту еден случај на грип.

Според анализите на Институтот, доминантен е вирусот Инфлуенца АХ3, но паралелно се регистрираат и случаи на ковид-19, како и инфекции со респираторен синцицијален вирус.

Највисока инциденца на заболени се забележува кај децата. Сепак, од Институтот за јавно здравје посочуваат дека засега нема потреба од воведување дополнителни мерки за заштита, ниту од продолжување на зимскиот распуст за учениците,

Можете да прочитате

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Љутков: Наследивме колабиран културен систем и институции без пари за плати