
Американскиот претседател се закани дека ќе го примени Законот за бунт доколку службениците на сојузната држава Минесота не ги спречат демонстрантите кои, според него, ги напаѓаат членовите на имиграциските служби.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека ќе го активира Законот за бунт доколку „корумпираните политичари од Минесота“ не го почитуваат законот и не ги спречат, како што рече, „професионалните агитатори и бунтовници да напаѓаат службеници на Службата за имиграција и царина (ICE).“
Тој рече дека службениците на ICE се „патриоти кои само се обидуваат да си ја работат работата“ и додаде дека многу претседатели пред него го користеле тој закон.
Трамп изјави дека примената на овој закон брзо ќе го заврши, како што рече, „хаосот што се случува во оваа сојузна држава“.

