Утрински Весник
Свет

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател се закани дека ќе го примени Законот за бунт доколку службениците на сојузната држава Минесота не ги спречат демонстрантите кои, според него, ги напаѓаат  членовите на имиграциските служби.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека ќе го активира Законот за бунт доколку „корумпираните политичари од Минесота“ не го почитуваат законот и не ги спречат, како што рече, „професионалните агитатори и бунтовници да напаѓаат службеници на Службата за имиграција и царина (ICE).“

Тој рече дека службениците на ICE се „патриоти кои само се обидуваат да си ја работат работата“ и додаде дека многу претседатели пред него го користеле тој закон.

Трамп изјави дека примената на овој закон брзо ќе го заврши, како што рече, „хаосот што се случува во оваа сојузна држава“.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен