Утрински Весник
Магазин

Шпанија почна истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба

Image 2026 01 14 195537839.png

Обвинителството при шпанскиот Врховен суд соопшти дека отворило истрага по медиумските објави дека познатиот пејач Хулио Иглесијас сексуално злоупотребувал две поранешни вработени.

Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени, кои во 2021 година десетина месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите.

Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на сексуална злоупотреба и малтретирање на работното место. Наводно пејачот ги присилувал на сексуални односи малтретирајќи ги и вербално и физички. Американската телевизија „Унивисион“ (Univision) и шпанскиот портал „Ел дијарио“ (elDiario.es) водат тригодишна истрага за овој случај.

Хулио Иглесијас важи за еден од најпродаваните латиноизведувачи во светот, со повеќе од 300 милиони продадени албуми на 14 јазици. Обвинувањата предизвикаа силни реакции во Шпанија, каде што пејачот со децении се смета за музичка икона. Од Обвинителството информираа дека истражната постапка е почната по поднесена пријава на 5 јануари и дека засега нема официјален одговор од претставниците на 82-годишниот Иглесијас. 

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање