Утрински Весник
Спорт

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

20260114153659 big 730x400 77.webp.webp

Лидерот во домашната Супер лига, Вардар 1961, потпиша денеска долгогодишен договор со еден од најперспективните македонски ракометари, 17-годишниот Бобан Поповски.

Талентираното десно крило ја почна кариерата во екипата на Преспа, по што следуваше развоен период во Алкалоид, а актуелната сезона настапуваше за Мулти Есенс.

Поповски, кој е стандарден член на македонските младински селекции, треба да биде наследник во редовите на Вардар 1961 на ветеранот Гоце Георгиевски. 

Можете да прочитате

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026