Утрински Весник
Свет

Трамп: Ќе морате сами да откриете каква помош е на пат за Иран

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека помошта е на пат за Иран. Но не откри за каква помош станува збор.

– Ќе морате сами да откриете. Жалам, рече Трамп.

Американскиот претседател претходно им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат, како и дека помошта е на пат.

– Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските официјални лица додека не запре бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта пристигнува. MIGA (Make Iran great again, Направете го Иран повторно голем), објави тој на својата мрежа Truth Social.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа