
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година останале на исто ниво како во ноември, но се повисоки во споредба со декември лани. Според Државниот завод за статистика, на годишно ниво е регистриран пораст од 3,5 проценти. Најголемо поскапување е забележано кај храната и пијалаците.
Алкохолните пијалаци се поскапени за 8,7 проценти, храната за 7,8, а безалкохолните пијалаци за 5,3 проценти во однос на декември 2024 година. За разлика од тоа, цените на ноќевањата се намалени за 12,1 проценти, што се поврзува со обидите на хотелиерите да привлечат гости. Кумулативно, во периодот јануари – декември 2025 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти во споредба со истиот период од 2024 година.


